206
Холандската држава не е обврзана активно да го помогна процесот на враќање на децата на жени кои ја напуштиле Холандија и се приклучиле на Исламска држава во Сирија.
Ова денеска го соопшти Апелацискиот суд во Хаг, со што ја поништи претходната пресуда.
Понизок суд претходно месецов одлучи холандската Влада да мора активно да помага во враќањето на 56 деца кои живеат во лоши услови во кампови во Сирија.