Свадбата на деценијата, како што веќе многу медиуми ја нарекуваат, ќе се одржи утре. Српските медиуми цело време објавуваат нови детали кои ги откриваат.
Овојпат, испливаа детали за тоа со што ќе бидат послужени гостите на свадбата на Вељко и Богдана.
Семејствата очигледно не штеделе, а особено тоа важи за Цеца, која побарала ексклузивно кралско мени кое чини по 75 евра од гостин. Со тоа, само за храна ќе плати 36.000 евра. Семејството на Богдана се обидува во чекор да ги следи своите мегапопуларни сватови, а како што наведуваат медиумите, тоа им задава вистински главоболки.
Менито се состои од предјадење, главно јадење, супа, десерт и пијалаци. Во менито има тартар бифтек, неколку салати, лосос со кокосово млеко, патка со сос од боровинки, ќе се пие скапо виски, а со тортата ќе се служи шампањ Моет.