183
Семејствата на младите Вељко и Богдана ќе испочитуваат голем дел од српските и балканските традиции кога е во прашање нивната свадба.
Па така, во разговор со српски „Курир“, таткото на Богдана открил и дека семејството Ражнатовиќ треба да „плати“ за да може да си ја земе неговата ќерка.
Не се знае дали на шега или сериозно, но тој за медиумите дал изјава дека не ја дава „за помалку од 2 до 3 стана“ во парична вредност.
Во меѓувреме, Богдана пристигна во семејната куќа, каде ја пречекале сестрите.