Овогодинешниот Дејвис Куп во Мадрид не го пропуштија ниту пејачката Шакира(42) и фудбалерот Жерард Пике(32). Фотографите го „фатија“ заљубениот пар како си разменува нежности на тибините. Кога пејачката забележала дека фотографите го насочиле вниманието кон нив, со рацете им покажала срце.
Нивната љубов започна во 2010 година кога се запознале во Мадрид на снимањето на спотот за навивачката химна „Waka, Waka“ за Светското првенство во фудбал. Врската ја потврдија дури една година подоцна, а разликата во годините, се чини дека не им смета.
Жерард отогаш се појави во уште неколку нејзини музички видеа, како што се „Me enamore“ и „La La La“.
– Знаев дека таа е вистинската веднаш откако ја здогледав. Таа е жената на мојот живот – во неколку наврати искатнал фудбалерот.
Шакира настапуваше во финалето на тенискиот турнир. Отпеа неколку песни, а со неа на бината имаше и неколку танчери. Сопругот ја поддржуваше од публиката.
– Тоа беше многу забавен настап. Фала на прекарасниот тим кој напорно работеше за да го овозможи – напишала Шакира на социјалните мрежи.