Јавна расправа за говорот на омраза кон жените во политиката

од Aleksandar Petrovski
246 прегледи

Јавна расправа на тема: Говорот на омраза насочен кон жените во политиката ќе одржи денеска Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието во соработка со Клубот на пратенички.

Покрај членовите и замениците членови на Комисијата, на јавната расправа поканети се сите пратеници на Собранието, претставници на Министeрството за труд и социјална политика, Интер-ресорската консултативна и советодавна група за еднакви можности на жените и мажите, координаторките за еднакви можности на министерствата, локалните комисии за еднакви можности. Учесници ќе бидат и  претставници на Народниот правобранител, Комисијата за заштита од дискриминација, Институтот за родови студии, претставници на меѓународните организации, УНДП, Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (Un Women), ОБСЕ, НДИ, ИРИ, претставници на НВО секторот од оваа област, медиумите, експерти, претставници на дипломатските кор во земјава, како и претставници на Делегација на Европската Унија во Република Северна Македонија и на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.

Слични содржини