Поранешното момче на Богдана тајно ја следело венчавката, Цеца и Анастасија лути и бесни

од Elena Daskalova
397 прегледи

Поранешното момче на Богдана Ражнатовиќ од еден локал близу куќата на семејството Родиќ следело како таа во венчаница излегува од домот и се мажи за својата љубов.

Наводно, тој се вика Урош и бил во долга врска со Богдана и никогаш не ја преболел. Новинарска екипа на еден српски медиум успеала да земе изјава од него.

„Нека ѝ е со среќа. Ние бевме вљубени кога бевме деца. Не ме фотографирајте, да не ме дофати Вељко со таа пушка“, се пошегувал тој.

Младите не дознале за ова, но Цеца и Анастасија биле информирани. Цеца мислела дека поранешното момче на Богдана е љубоморно, па изјавила: „Кој губи, нека се лути.“

Анастасија одлучила да не обрнува внимание на настанот, туку да ужива во свадбата на својот брат со девојката со која таа го запознала.

Слични содржини