„Ве молам простете ми за овие случувања. Настапите секоја вечер ми носат голема радост. Нивното откажување за мене е казна, но болката низ која поминувам е преголема и морам да се одморам и да ги следам упатствата на докторите за да се вратам уште подобра и посилна и да го продолжам Madame X патувањето со сите вас – напишала пејачката на Инстаграм, порачувајќи им на обожавателите дека мора да ги откаже настапите.
Пејачката откажа неколку настапи во склоп на турнејата „Madame Х“ поради здравствени проблеми, а обожавателите и коментираа желби за подобро оздравување, бидејќи, како што рекоа, загрижени се за нејзиното здравје.
Продолжението на турнејата се очекува на 7 декември кога турнејата ќе продолжи во Филаделфија. Откажаните настапи нема да добијат нови датуми, туку обожавателите ќе добијат поврат на сретствата.