Популарната поранешна манекенка, легендарната Твиги, е згрозена од денешните трендови на естетски корекции и нивната достапност кај стоматолозите.
„Пластичните хирурзи станаа секојдневно нешто. Не ги сакам воопшто тие филери со кои ги полнат лицата и усните. Поради нив жените изгледаат како верверички“, истакнала 70-годишната манекенка.
Таа признала дека во даден момент и самата посакала корекција, но веднаш се откажала од идејата. Твиги врвот на својата популарност го доживеа во 60-тите, кога беше една од најбараните и најплатените модели.
Најостри критики изнела на сметка на сестрите Кардашијан и Џенер:
„Не ми се допаѓа како изгледаат тие, сè на нив е пластично и лажно. Многу девојки го следат нивниот пример, а тоа воопшто не е природно и привлечно. Треба да бидат многу поодговорни за тоа каква слика испраќаат на младите девојки“, изјавила Твиги.