Дујовски: Нема безбедносни предизвици пред влезот во НАТО, но мора да бидеме внимателни

од Aleksandar Todeski
353 прегледи

Во моментот нема информации дека Македонија ќе има безбедносни предизвици некако, но мора да бидеме претпазливи, будни и свесни дека не зависи се од нас, вели фронтменот на ветингот во МВР, Никола Дујовски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 ТВ.

„Оптимист сум дека тоа ќе се случи набрзо, Шпанија набрзо ќе формира влада, му недостасуваат на Санчез седум гласа и мислам дека тоа ќе се среди. Треба да внимаваме на лажните вести. Профили кои не биле активни многу години сега повторно се активни, тоа е специјалната војна која доаѓа пред членството во НАТО. Сега интересот е насочен кон тоа, што може да се случи со влезот на Македонија во НАТО. Сите наси соседи, совен соседите од север се членки во НАТО, а граѓаните наскоро ќе бидат свесни дека придобивките од НАТО се поголеми од тоа што ние го изгубивме во овој процес“, рече Дујовски.

Наспроти него, лидерот на Интегра, Љупчо Ристовски тврди дека е можно да има безбедносни ризици како ќе се доближува денот за станување членка на НАТО.

„На владата е да биде мудра и да биде спремна дека нема се така глатко да помине и треба да биде подготвена на се. Ако го сфатат ова како порака, треба да ги видат сите критички точки каде и како може да биде загрозена државата. Владата треба да биде подготвена од сите правци и да се фокусира како да ја зачува државата онаква каква што треба да биде“, Рисовски.

Слични содржини