Не можам да го скријам задоволството за еден вековен сон. Долги години напори, повеќе децениски, влезот во НАТО е нешто што треба да го респектираме и почитуваме. Дали сите исто се радуваме или тагуваме кај сите е различно. Со НАТО добиваме најевтина одбрана од светот. Можеби ќе плаќаме милион до милион и пол евра годишно, но за тоа добивме заштита од најголемите светски сили, изјави Петар Богојевски советник во Министерството за одбрана.
Богојевски вели дека привилегија за Македонија е гласот во советот на НАТО да биде еднаков со оној на САД.
-Ова се историски моменти и мислам дека ќе останат запишани во историјата на Мaкедонија како едно од најголемите достигнување на нашата република, вели Богојевски.
Тој потсети дека во минатаото за одбраната се издвојувала и повеќе од 2 отсто од БДП, па дури и 3 во некои години, иако не сме биле дел од НАТО.
-НАТО нас ни дава малтене бесплатна одбрана. Македонската армија ќе добие најсовремено вооружување и опрема, вели Богојевски.
Тој додава дека сите големи македонски партии се изјаснуваат дека се за евро-атлантски интеграции, но не секој лидер е подготвен да ги преземе чекорите, односно според него не секој лидер навистина сака интеграција во ЕУ и НАТО.