„Горди сме на успехот на државата и благодарни за поддршката, ова е заеднички успех на сите наши граѓани. Секој наш сограѓани, секој Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Србин, Влав, Бошњак… има чувство на победа и има причина да биде горд. После години стагнација пред вратите на НАТО, сега сме свои на своето заслужено место во најмоќниот сојуз“, изјави денеска министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
„Нашето место е онаму каде што беше и нашето знаме – меѓу најсилните, најмоќните, најбогатите демократски земји во светот.
Со учеството на самитот на НАТО, нашата татковина ја потврди определбата за целосно споделување на принципите за заедничка безбедност и за градење силни трансатлантски односи со најмоќниот воен и политички сојуз заснован на демократски вредности“, вели таа.