Имале други планови: Овие популарни личности немаат ниту средно образование

од Elena Daskalova
405 прегледи

Некои луѓе цел живот го поминуваат во дообразовање и доусовршување, а други пак, се откажале од тој процес во име на други планови.

Па така, Џенифер Лоренс го напуштила училиштето на 14 години, започнала со актерската кариера, а сега самата ги „доучува“ нештата кои ѝ се потребни. Хари Стајлс заминал од училиште на 16 години, поради Икс-фактор.

Манекенката Жизел на 14 години започнала со кариерата како модел и немала време за образование, но и покрај тоа, таа одлично зборува пет јазици. Никол Кидман на 16 години се впуштила во актерските води.

Ријана никогаш не матурирала, за да може да има време да снима. Роберт Дауни Џуниор бил лош ученик и не гледал поента во тоа да учи средно образование.

Џони Деп го напуштил средното училиште за да се занимава со музика. Џеј Зи исто така напуштил училиште на 14 години. Кијану Ривс, поради конфликти со наставниците, заминал од училиште на 17 години. Вупи Голдберг исто така престанала да учи на 16 години, но никогаш не се покајала поради таа одлука.

Том Круз исто така не завршил средно, за да може да се посвети на актерската кариера. Тарантино напуштил училиште на 15 години. Уште тогаш имал коефициент на интелигенција 160.

Даниел Ретклиф го паузирал образовниот процес за да може да се посвети на актерската кариера, но никогаш не се вратил повторно. Рајан Гослинг престанал со учење на свои 17 години.

Меѓу ѕвездите кои не завршиле средно училиште се и Џон Траволта, Џим Кери, Аврил Лавињ, Дру Баримур и Кејти Пери.

Слични содржини