Рецепт за крофни кој ќе ве врати во детството

од Elena Daskalova
702 прегледи

Овие меки домашни крофни се вистински деликатес дури и за оние кои не се големи обожаватели на десерти.

Направете ги според старите рецепти, како што некогаш ги подготвуваа нашите баби.

Состојки:

1 кг брашно
Едно јајце
Една лажичка шеќер
2 лажички квасец
500 мл млеко
100 гр маргарин

Подготовка:

Замесете ги состојките со топло млеко и оставете да нарасне. Потоа рассукајте тесто со дебелина од еден прст, одбележете кругови со помош на чаша, ставајте крем или џем и поклопете со уште една кора.

Со помош на чашата исечете ги крофните и оставете ги уште да нараснат. Кога ги пржите, ставете ја нараснатата страна прваво врелото масло.

Слични содржини