323
Врската на пејачката Емина Јаховиќ и бизнисменот и милијардер Садетин Саран извесно време беше во криза, а таа сега потврди дека конечно ставила крај.
Минатата година парот беше во слична ситуација, но кратко потоа се смирија. Но, се чини дека овојпат дефинитивно е завршена приказна.
„Точно е, не сме веќе заедно. Раскинав. Тоа е крај на приказната. Ставивме точка на тоа“, изјавила Емина при гостување во една емисија.
Таа не била ни многу конкретна кога се во прашање причините за таквата одлука.
„Имаше некои разлики, начинот на живот… Се разделивме како пријатели, ние сме возрасни луѓе“, изјавила таа.
Емина останала воздржана и за наводите дека Саран е во врска со актерката Дафне Самиели, кажала само дека не ја познава таа жена.