Годината што си оди ја обележаа многу ретро фризури, вклучувајќи ги и оние за кои мислевме дека никогаш нема да се вратат.
Фризурата која се карактеризира со кратки прамени напред и долги отпозади, низ вратот, ги обележа деведесетите години на минатиот век и по многумина е најлошата фризура на сите времиња, а сега се враќа во малку помодерно издание.
Новата фудбалерка има карактеристики и на популарната слоевита шеги кат фризурата од седумдесетите.
Предводник на трендот е пејачката Мајли Сајрус која пред крајот на минатиот месец го смени изгледот.
Мајли својата фудбалерка ја направи помодерна така што и додаде и асиметрични шишки кои на фризурата и подариле панк вибрации. На сличен, но малку поуреден изглед се одлучи и ѕвездата на хит-серијата Еуфорија, актерката и манекенка Барби Фериера.
Школскиот пример на спојот меѓу фудбалерката и шеги кат е фризурата на канадскиот актер Фин Волфхард познат по улогата во серијата Stranger Things.
Поранешната ѕвезда на дизни каналот, актерката Рован Бланчард, покажа дека оваа фризура може да функционира и на кадрава коса.
Подолга варијација на фудбалерката ја испроба пејачката Холзи, која е позната по честите промени на фризурите па се претпоставува дека се работи за перика.