Шефот на кабинетот на Шилегов: Проблемот со загадувањето има тренд на намалување (ФОТО)

од Vladimir Zorba
153 прегледи

Шефот на кабинетот на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов – Никола Наумоски на својот Фејсбук профил сподели потенцира дека бројките за загаденоста имаат смисла да се толкуваат, само кога може да се споредат.

Тој ги сподели бројките во последните пет години за мерните станици во Скопје што работат и собираат податоци.

„Ова не значи дека не е загадено, или дека немаме проблем со аерозагадувањето. Не, ова значи дека проблемот има тренд на намалување, а причините може да се климатски или човечки, или и двете“, пишува Наумоски.

Шилегов на прашање вчера кога ќе се активираат мерките за загадувањето, изјави дека годинава немаме вредности над 100 мг на метар кубен компарирано со минатите пет години.

„Годинава за наша среќа имаме најдобри резултати, во смисла на најмал број на загадени денови. Загадувањето е феномен или проблем што нема да ни исчезне преку ноќ, меѓутоа ќе се манифестира во намален број загадени денови. Тоа е нешто што и минатата и во текот на оваа година го имаме. Тоа не значи дека не постои, да се разбереме, но тоа значи дека вредностите паѓаат“, изјави Шилегов.

Тој посочи дека се уште се во почетна фаза на импелментација на стратешките мерки, кои покажуваат дека се даваат резултати.

„Јас можам да ви ги дадам да ги компарирате резултатите за месеците ноември и декември до денешниот ден за последните пет години за да може да ги видиме и бројот на загадени денови што ги имало и кои што ги имаме во текот на оваа година. Тоа не значи дека сме излезени од проблемот, меѓутоа значи дека со овие мерки една по една, чекор по чекор, сакате чистење оџаци, сакате инвертори, сакате пелети, допрва ќе ни доаѓаат автобусите, полека ќе дојдеме до саканата цел, а тоа е во Скопје да имаме што е можно почист амбиентален воздух“, рече градоначалникот.

Фото: Локално

Слични содржини