266
Околу 140 милијарди долари изнесуваат штетите од природните катастрофи во текот на оваа година, објави осигурителната компанија „Сјуис Ре“ со седиште во Цирих.
Тоа е помалку во споредба со сумата од минатата година, која изнесувала 176 милијарди долари.
Речиси целата сума опфаќа штети од природни непогоди во текот на годината, како што се циклони и поплави, кои предизвикале економски загуби од 133 милијарди американски долари.
Швајцарската компанија, исто така, соопшти дека околу 11.000 луѓе во светот починале или исчезнале во природни катастрофи во 2019 година.