Новата серија на Нетфликс е толку вознемирувачка, што некои не ја догледале до крај

372 прегледи

Новата вознемирувачка документарна серија на Нетфликс „Don’t F *** With Cats“ толку ги погодила луѓето, што некои, наводно, морале да ја исклучат по само неколку минути гледање. Троделната документарна серија ги открива вистинските злосторства на канатскиот убиец Лук Магнот, кој во 2010 година, снимил, а потоа објавил на инернет, убивање на животни.

По бруталното мачење и убивање на животни, на веб-страна за наоѓање партнери, нашол и човечка жртва, кинескиот студент Јун Лин, кој го убил и го исекол на парчиња.

„Она што мене ми е фантастично кај оваа документарна серија е тоа дека таа се одвива токму како вистински трилер“, рекол режисерот Марк Левис.

Дека серијата длабоко ги погодила гледачите зборуваат и големиот број шокантни коментари од гледачите на Твитер.

„Don’t F *** With Cats е една од најужасните, стресни, неочекувани ТВ емисии кои некогаш сум ги погледнал во животот“, напишал еден човек на Твитер.

„Оваа серија ме зае**, а уште ја немам изгледано цела“, се согласила една девојка.

„Само што ја завршив новата документарна серија Don’t F *** With Cats, после неа не знам веќе што сум“, напишало едно момче.

„Длабоко сум вознемирена, но и понатаму не можам да не ја гледам“, напишала една девојка.

Слични содржини