Еден месец по инфарктот Балашевиќ одржа тричасовен концерт

305 прегледи

На само еден месец по инфарктот, Балашевич одржа концерт и воодушеви многумина пеејќи ги своите најголеми хитови додека од публика го поддржуваа членови на семејството.

Во еден момент, Балашевиќ се пошегува и на своја сметка и со здравјето кое му беше загрозено на 15 ноември.

– Го почнуваме концертот како ништо да не се случило. Преправајте се. Тука дојдоа и момци од бендот на кои им ги заборавив имињата, под лекови сум па не знам. Доколку ги заборавам текстовите вие сте тука. Јас секогаш доаѓам да донесам енергија, а денес сум тука да земам малку од вашата – порачал Балашевиќ, кој подоцна доста се шегувам за својата состојба, пренесува Јурарњи.хр.

– Не сум стенд ап комичар. Сега сум стент ап комичар, бидејќи ми вградија четири стнета. Што би рекол оној во филмот ‘Ама ме поправија’ Ете толку за тоа – се шегувал Балашевиќ.

Слични содржини