350
„Денеска сум многу горда бидејќи Харпер и Круз беа крстени пред нашите пријатели и семејство“, напишала Викторија Бекам под фотографиите.
На 14 годишниот Круз и осумгодишната Харпер кумови им беа Ева Лонгорија и режисерот Гај Ричи.
„Не можам да бидам повеќе горда на своите деца, благодарение на своето семејство и на прекрасните кумови. Ве сакаме Ева, Кен, Марк и Дејвид“, напишала Викторија во втората фотографија на која им се придружиле и двата постари синови Ромео и Бруклин. Тие се веќе крстени, а нивниот семен пријател и пијанист Елтон Џон им бил кум.
„Голема чест ми е да и бидам кума на најслаткото девојче на светот. Те сакам Харпер“, напишала актерката Ева Лонгорија.