354
Состојки за бисквит:
300 гр брашно од хељда
250 гр кафеав шеќер
120 мл масло
25 гр какао
2 лажици сода бикарбона
3 јогурти од 180 г
масло за премачкување на плехот
Состојки за глазура:
120 мл млеко
120 гр шеќер
150 гр маргарин
150 гр чоколадо за готвење
Подготовка:
Во сад ставете го брашното од хељда, јогурт, шеќер, масло, сода бикарбона и какао и сето тоа заедно мешајте го со миксер 2-3 минути.
Излијте ја смесата во плех за печење и печете во рерна на 200 степени околу 20 минути.
Потоа, стопете го маслото на оган, измешајте ги парчињата чоколадо, шеќерот и млеко, па мешајте додека не добиета мазна смеса.
Оладете го колачот и прелијте го со добиената глазура.