Скопскиот Апелационен суд донесе одлука да ги уважи жалбите на обвинетите во случајот „Титаниик 2“ и ја укина првостепената пресуда, информираат од судот. Предметот, како што велат од таму, го вратиле пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување.
„Апелациониот суд Скопје при разгледување на побивата пресуда констатираше дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил бројни суштествени повреди на постапката од апсолутен карактер, поради кои одлуката е во целост незаконита и неправилна. Во таа насока жалбениот совет констатираше дека утврдените факти што го чинат законското обележје на кривичните дела што им се ставаат на товар на обвинетите во целост противречат на содржината на изведените докази, а воедно првостепениот суд неосновано се впуштил и утврдувал факти за постоење на кривична одговорност за лица кои немаат својство на обвинети во конкретната постапка. Исто така, определените мерки на претпазливот изречени према обвинетите, судот одлучи да останат во сила. Вака донесената одлука и причините за истата ќе бидат објавени во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите“, соопштуваат од Апелација.
Инаку случајот го отвори Специјалното јавно обвинителство, а се однесува на изборни нерегуларности. Во него обвинети се Сашо Мијалков, Мендух Тачи, Бедредин Ибраими, Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Елизабета Стефановска.
Ексдиректорот на УБК, Мијалков доби тригодишна затворска казна, а лидерот на ДПА, Тачи три години и два месеца. Обвинетиот ексчлен на ДИК, Бедредин Ибраими доби затворска казна од четири години и шест месеци, а Сајковски, Срцев и Стефановска добија по три години затвор.