Значителен пораст на наградниот фонд на Австралија опен

од Aleksandar Petrovski
168 прегледи

Наградниот фонд на Австралија опен е зголемен за 13,6 проценти на 71 милиони долари (49,1 милиони долари). Првиот Гренд слем турнир започнува на 20 јануари во Мелбурн Парк.

Победниците за сингл за мажи и жени ќе заработат 4,12 милиони долари (2,85 милиони американски долари), што е за 20.000 повеќе од минатата сезона. Најголем е порастот за квалификациите и стартната фаза на турнирот, при што оние што ќе испаднат во првото коло ќе земаат по 20.000 долари, 1/3 повеќе од 2019 година, а губитниците на стартот од главната шема ќе заработат 90.000 долари австралиски долари, за 20 проценти повеќе од оваа сезона.

Ова го засилува трендот на зголемување на парите на големите тениски турнири, со тоа што наградниот фонд на Австралија опен порасна за 61,4 проценти во последните пет сезони, по трендот на останатите три од „големата четворка“ во Париз, Лондон и Њујорк. Во 2019 година, УС Опен даде рекордни 57 милиони долари, а шампионите индивидуално зазедоа по 3,85 милиони долари.

Слични содржини