Артета посочи што сака од играчите на Арсенал и дали Љунгберг останува во тимот

од Aleksandar Petrovski
306 прегледи

Новиот менаџер на Арсенал, Микел Артета изјави дека има состав, што може да се подобри, но играчите мора да ја преземат одговорноста за своите постапки на теренот доколку сакаат да бидат дел од идните планови на клубот. 37-годишниот Артета в четврток ќе го направи своето официјално деби против Борнмут.

„Мислам дека имаме многу добар состав кој има што да подобри во играта. Ми требаат на сите. Сите средби што ги имавме досега беа плодни и јас сум многу среќен со нивниот одговор. Она што ќе му го пренесеме на тимот како порака е одговорноста да играме за овој фудбалски клуб. Ова е главното … Сега сме многу посветени. Говорот на телото во ремито со Евертон беше далеку подобар и играчите играа со поголема страст, тука нема сомнеж, започна тој.

Артета потврди дека привремениот менаџер Фреди Љунгберг, кој го презеде тимот на шест натпревари по отказот на Унаи Емери, ќе остане во тимот како дел од тренерскиот штаб.

– Разговарав со него по натпреварот. Му реков кој сакав да земам и сакав да знам што мисли за тоа. Одлучивме дека најдобро сценарио е тој да остане со нас. Се познававме пред тоа и ќе отвориме нова страница – тој беше многу позитивен, откри Шпанецот.

Поранешниот асистент на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити додаде дека играчот од средниот ред Месут Озил е дел од неговите планови и покрај незадоволството на Љунгберг од однесувањето на Германецот за време на поразот од 0-3 на Сити на почетокот од овој месец. Озил ги фрли ракавиците во разочарување, откако беше заменет во 59-тата минута, а Љунгберг рече дека неговото неприфатливо однесување го оставило на клупата против Евертон, иако тој беше подготвен за натпреварот.

Слични содржини