Уставното име Република Северна Македонија не е пречка за пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски кога треба да се седне во фотелјите во НАТО Алијансата, но е пречка кога треба да се говори пред македонските граѓани. Во Парламентарното Собрание на НАТО, каде тој е шеф на делегацијата од македонското Собрание, Димовски е запишан како пратеник од Република Северна Македонија, име кое тој го употребува и во пристапницата.
Сепак, наративот „Никогаш Северна, само Македонија“, кој произлезе од опозициската ВМРО-ДПМНЕ продолжува кога Димовски ќе се врати дома и се обраќа пред пратениците, пред граѓаните и на интервјуата, каде Македонија ја споменува најмногу што може, со цел граѓаните да видат дека за него новото уставно име е неприфатливо.
Партиските ставови за „Никогаш Северна“ не важат ниту за лидерот Христијан Мицскоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ кога се надвор од државата, па така на средбите со Европската народна партија, каде е членка партијата, не пречи што јасно е наведено дека ВМРО-ДПМНЕ е партија од Северна Македонија, различно од наративот дома, каде Мицкоски пред граѓаните вели дека кога би имал дво-третинско мнозинство, би го вратил уставното име, што повторно би било пречка за државата како во НАТО, за чие членство ни недостасува уште ратификацијата од Шпанија, но и за Европската Унија, каде по барањето на Франција стартот за преговори да биде одложен до изменување на методологијата за пристапни преговори со Унијата.