Најмладата милијардерка во историјата, Кајли Џенер, често сака со својата ќерка, Сторми Вебстер, да носи исти комбинации, а тоа беше случај и во вторникот навечер кога отидоа на големата забава на кланот Кардашијан – Џенер.
Кајли за забавата облекла долг, зелен фустан од брендот „Ralph and Russo“, а минијатурната верзија од фустанот ја носела нејзината едногодишна ќерка.
„Ова е најубавиот период од годината, Благодарам „Ralph and Russo“ зс прекрасните персонализирани фустани“, напишала Кајли под фотографијата која само во неколку часа собрала осум милиони лајкови.
Но, освен фустанот, обожавателите беа посебно изненадени од ѓерданот кој го носела Кајли. Станува збор за вистински дијаманти со детали со смарагди, а се шушка дека цената изнесува десет милиони евра.