257
Татко во полиција пријавил дека неговиот син во основно училиште во Тетово е нападнат со тврд предмет, информираат од СВР Тетово. Детето било нападнато од тројца ученици од друго одделение.
-Вчера С.С.(48) од Тетово пријавил дека околу 9 часот и 50 минути во тетовско основно училиште, по завршување на големиот одмор, во ходникот на училницата во која учел, неговиот малолетен син бил физички нападнат од тројца малолетници. Напаѓачите, инаку ученици во истото училиште, користеле и тврд предмет, а едниот од нив, по завршување на наставата, уште еднаш се обидел да го нападне, се вели во денешното соопштение на СВР Тетово.
Сега се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.