167
Општина Карпош проби нова улица, „Новопланирана“ 3, во Тафталиџе 1, помеѓу улицата „Прашка“ и бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“. За нејзина целосна реализација било извршено асфалтирање на коловозот во должина од 142 метри и девет метри широчина. Исто така, долж улицата се поставиле и два тротоари, со што е овозможено безбедно движење на пешаците.
Оваа нова улица, соопштуваат од Општина Карпош, во голема мера ќе го рестовари сообраќајот во делот од Карпош каде што непланската урбанизација придонесе за создавање на голем сообраќаен метеж.
„Локалната самоуправа и во Новата 2020 година ќе продолжи да работи на подобрување на инфраструктурата и овозможување на подобар пристап и движење за сите учесници во сообраќајот“, велат оттаму.