348
При крајот на април или почетокот на мај, Вељко и Богдана ќе добијат син, за кој одлучија да го носи името на покојниот дедо, Жељко.
Додека се подготвуваат за тоа, Цеца одлучила да ги изненади со луксузна лулка за бебето, изработена од позлатени елементи, која како што наведуваат српските медиуми, чини најмалку 5000 евра.
Цеца и дизајнерот заедно го цртале дизајнот. Се работи за уникатна лулка, чија конструкција ќе биде позлатена, а на златна плочка ќе биде изгравирано името на бебето. Душекот е изработен од органски материјал, рачно шиен, исто и јорганот, а лулката ќе биде во кралска сина боја.