Во Хонг Конг судири меѓу полицијата и демонстранти во трговски центар

од Aleksandar Petrovski
233 прегледи

Полицијата во Хонг Конг денеска се судри со демонстранти кои прошетаа низ трговски центар во Шеунг Шуи, во близина на границата со копното, барајќи кинеските трговци да ја напуштат таа автономна територија.

Околу 100 демонстранти во трговскиот центар извикувале „слободен Хонг Конг“ и „вратете се на копното“ по што со палки ги нападнале полицајци во цивил, а на некои им иставиле и лисици.

Според локалните медиуми, еден полицаец со бибер спреј дел од демонстрантите и новинарите.

Протестите во Хонг Конг почнаа во јуни поради контроверзниот закон за екстрадиција, но подоцна прераснаа во пошироки демонстрации поради состојбата во економијата и политичкиот систем.