265
Италијанската полиција денеска во одвоени операции ширум земјата заплени неколку тони пиротехнички средства.
Операциите беа спроведени со цел да се намали ризикот од повреди.
Над 1,5 тони огномети се запленети во Рим и во околните провинции, а против пет лица се поднесени кривични пријави.
Во другите делови од земјата запленети се над 2,5 тони пиротехника, а во Милано е уапсено едно лице.