Градоначалникот на Крива Паланка синоќа ги посети дежурните служби

од Aleksandar Todeski
364 прегледи

Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски придружуван од шефот на Кабинетот, Мартин Николовски и претседателката на Советот на општината Изабела Павловска, синоќа ги посетија дежурните и итни служби од градот кои во најлудата ноќ од годината беа на работа.

Тие ги посетија граничниот премин и царинската испостава Деве Баир, Територијалната противпожарна единица, Граничната и Шумската полиција, Итната медицинска помош и Одделението за внатрешни работи и им даде пригодни подароци од општината кои ќе можат да ги користат за потребите на работењето во периодот на дежурства и во секојдневната работа.

„Во последните мигови од оваа и почетокот на следната година, придружуван од моите најблиски соработници во Општина Крива Паланка, ги посетивме дежурните служби од градот кои новогодишната ноќ ќе ја дочекаат на своите работни места: РЦ Исток- Граничен премин Деве Баир, Царинска испостава Деве Баир, Територијална противпожарна единица Крива Паланка, РЦ Север погранична полиција, МЗШВ-Шумска полиција, Итна медицинска помош и Одделение за внатрешни работи, Крива Паланка.
На дежурните служби и нивните вработени им посакавме многу здравје, среќа, успех но и мирна ноќ со што помалку интервенции“, напиша Мицевски на Фејсбук.

Слични содржини