370
Иако помина новогодишната ноќ, факт е дека прославата продолжува и во наредните денови. Секако, неизбежно е да прославите со пијалак кој ќе ја поткрене атмосферата.
Ви предложуваме да пробате пунч направен од вино и џин, со прекрасен вкус кој потсетува на божикни празници.
Потребни состојки:
500 мл џин
400 мл црвено вино
Две лажици шеќер
Сок од еден лимон
Сок од два портокала
Каранфилче
Цимет
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во тенџере и варете ги, но внимавајте да не зоврие. Префрлете во голем сад од кој секој ќе може да си става во чаша толку колку што сака.
Во садот декорирајте со парчиња овошје, на пример портокал или некое шумско овошје.