229
Министерот за внатешни работи Оливер Спасовски преку соопштение ја честиташе Новата година на вработените во МВР, но и на сите граѓани.
„Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во свое и во име на Министерството за внатрешни работи им ја честита Новата 2020 година на сите граѓани на Република Северна Македонија, со желби за добро здравје, успех, среќа и бериќет. Воедно, министерот Спасовски им ја честита Новата година и на сите вработени во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, пожелувајќи им здравје, среќа и успеси на професионален и на личен план“, стои во соопштението.