384
Министерката за финансии, Нина Ангеловска од врвот на планината Водно преку видео порака ја честиташе Новата 2020 година на граѓаните.
„Покрај искрени честитки за здравје и среќа, една порака која сакам да ви ја пренесам е во 2020 година да се фокусирате на најтешките работи. Тешко е да се менуваме, но длабоко во себе знаеме дека не е доволно само да посакуваме. Најтешките работи се и најважните работи. Затоа ви посакувам да тргнете од себе, да почнете уште денес и тоа од најтешките работи. Ви посакувам паметна, мудра и позитивна 2020-та година“, рече Ангеловска.
https://www.facebook.com/nina.angelovskaa/videos/309114919965683/