Северина: Луѓето кои те повредуваат, те учат што всушност значи животот

од Elena Daskalova
198 прегледи

Пејачката Северина имаше навистина тешка година, која дефинитивно нема да ја заборави. Но, таа не дозволува таквата ситуација да ја скрши.

На социјалните мрежи отворено прозборе за тоа како се чувствува за време на празниците:

„Што ќе понесеш со себе во Новата година? Не носи товар, понеси ги само приликите. Земи радост, надеж и утеха. Времето мине, луѓето си одат, мометнално или засекогаш, но убавите нешта се памтат. Секогаш носи ги во срцето луѓето кои си ги сретнал, кои ти кажале убав збор, ти подариле насмевка, охрабрување. Сети се и на оние кои те повредиле и те научиле што всушност значи животот. Не жали што уште една година е зад тебе, радувај се на убавите денови, радувај се на она што животот ти го дал. Колку само не го дочекаа овој ден, но ти си тука. Заблагодари се, па кажи уште еднаш ‘благодарам’. Колку пати и да го повториш тоа, не е доста. Знаеш ли зошто? Затоа што животот е сè што имаш.“

Слични содржини