Властите соопштија дека од 1 јануари 2020 година, името Холандија (Holland) официјално престанало да постои како ознака за државата, јавуваат РИА Новости и други медиуми.
Отсега институциите, локалните власти, универзитетите, приватните компании и медиумите треба да го користат името „Нидерланд“. Владата верува дека мерката ќе и овозможи на земјата да се ослободи од својот имиџ за дрога и проституција.
Властите исто така веруваат дека оваа одлука ќе го прераспредели туристичкиот проток, бидејќи денес повеќето туристи ја посетуваат историски старата Холандија – Амстердам и Хаг – и овие градови не можат да се справат со огромниот прилив на посетители.
Реформата за промена на името на земјата ќе го чини кралството со околу 200.000 евра.
Претходно, се дозна дека властите во Амстердам сакале да ја елиминираат употребата на името „Област на црвеното светло“(Red-district light). Вообичаеното име целосно ќе исчезне од градските знаци – ќе биде заменето со историското име на населбата Де Вален.
Националниот совет за туризам се надева дека туристите ќе започнат со посета на нови и поприлагодени дестинации во Холандија.