Пејачката Лепа Брена го коментирала својот однос со семејството за српските медиуми, но објаснила зошто не сака нејзиниот син Стефан да се ожени.
– Против тоа сум, мажите на Балканот да се оженат пред тиесетата година. Синовите ги советувам прво да создадат нешто, за во животот да го направат она што си го зацртале. Тогаш ќе можат да ја одберат својата партнерка. Исто така, таа ќе може да ги одбере нив. Кога сте зрала и формирана личност е могу полесно да познаеш што е вистинска и искрена љубов – рекла Брена.
Инаку, Брена одлучила да раскаже и каква драма ѝ се случила само една недела пред концетот во загребската Арена.
– Имав проблем со десната рака, лактот. Почна да ми пречат жиците и штраф кој лекарот ми ги вгради пред неколку години кога го скршив лактот. Тие жици започнаа сами да излегувааат. Телото започна да ги одбива, па морав на операција само седум дена пред концертот -раскажала Брена во интервјуто.