НАТО прекинува со обуката на ирачките сили за безбедност

од Vladimir Zorba
250 прегледи

НАТО прекинува со обуката на ирачките сили за безбедност по убиството крај Багдад на иранскиот генерал Касим Сулејмани.

Мисијата на НАТО во Ирак има неколку стотици војници, кои ги обучуваат ирачките сили од октомври 2018 година по барање на ирачката Влада.

– Мисијата на НАТО продолжува, но активностите засега се прекинуваат, изјави портпарол на НАТО. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг имаше телефонски разговор со американскиот министер за одбрана, Марк Еспер, додаде портапролот.

Бројот на војниците кои се дел од мисијата на НАТО во Ирак е околу 500 лица.