Пелоси за Сулејмани: Трамп спроведе провокативна, ескалирачка и несразмерна воена операција

од Vladimir Zorba
168 прегледи

Претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси изјави дека атентатот на иранскиот генерал Касем Сулејмани во Ирак е „провокација“, објавија АП.

Пелоси смета дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп спровела „провокативна, ескалирачка и несразмерна“ воена операција што ги става во опасност војниците, дипломатите, Американците и сојузниците на Вашингтон.

Според Пелоси, операцијата била спроведена „без дозвола за употреба на воена сила против Иран“ и „без консултации со Конгресот.

Касем Сулејмани беше убиен на 3 јануари.