Долниот дом на парламентот на Шпанија ја отфрли кандидатурата на Педро Санчез за премиер

од Vladimir Zorba
264 прегледи

Долниот дом на парламентот на Шпанија ја отфрли кандидатурата на Педро Санчез за премиер, јави ТАСС.

Санчез, кој е генерален секретар на шпанската социјалистичка работничка партија, во моментов е на функцијата премиер.

Социјалистичката партија на Санчез сака да формира коалициска влада со екстремната левица „Подемос“, но му требаат гласови на неколку помали партии за да ја обезбеди потребната поддршка во парламентот.

Ова е прво гласање за неговата кандидатура.

За да бидат избрани во првиот круг на гласање, кандидатот за функцијата шеф на кабинетот мораше да добие поддршка од апсолутно мнозинство пратеници, односно минимум 176 од 350. Бидејќи тоа не се случи, треба да се одржи второ гласање во Конгресот за два дена, на кој кандидатот ќе мора да добие мнозинство гласови од присутните пратеници.

Но, социјалистите велат дека имаат доволно пратеници за да го освојат второто гласање. Така, Санчез ќе остане на премиерското место во Шпанија.
Неговите сопартијци се потпираат на тоа 20 пратеници од други политички сили (освен Социјалистичката партија и „Подемос“) да гласаат „воздржано“ и со тоа да помогнат на левата коалиција да дојде на власт.