Скопјанец физички нападнал полицајци

од Aleksandar Todeski
186 прегледи

Синоќа околу 03.30 часот на бул.„Илинден“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Н.(36) од Скопје поради тоа што физички нападнал полициски службеници при вршење службени дејства.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.