Дваесет и двегодишниот Патрик Бојл стана познат како херој во Австралија, откако ризикувајќи го сопствениот живот спаси девет коали, повредени од огромните пожари во Нов Јужен Велс во Австралија.
Патрик, кој за себе вели дека е повеќе навикнат да лови животни отколку да ги спасува, рече дека сите оние што досега ги спасил, преживеале и сега се наоѓаат во засолништа за диви животни.
„Сите тие се сè уште живи што е добра вест. Некои се во подобра состојба од другите, некои се само дехидрирани и шокирани, а некои се навистина изгорени и се одвај успеваат да јадат лисја“, истакнува Бојл за локалните медиуми.
Тој за медиумите истакна дека не е типичен херој. „Јас сум ловец. Јас сум еден од последните луѓе што другите очекуваа да им помогнат на овие животни“.
Патрик фотографијата на која се гледа како спасува една од деветте коали ја објави на Инстаграм, а таа веднаш се рашири низ целиот свет.
„Веднаш најдов запалена коала што ја однесов директно во засолништето на животинскиот свет. Всушност беше извонредно колку брзо најдов коали“, вели ловецот од Малакота во изјава за Stuff.co.nz.
За жал, тој открил десетина коали што умреле од пожарите. Патрик вели дека не е сам и дека има повеќе земјоделци, ловци и работници кои „преземаат акција сега“.
Патрик ги повикува луѓето да донираат во засолништето за диви животни во Малакота, кои помагаат за грижа и рехабилитација на повредените коали и други животни кои биле погодени од разорните пожари.
This is Patrick Boyle.
Since the fire has passed through Mallacoota this amazing, selfless young guy has been out searching for injured wildlife. This is one of 7 koalas he's saved so far
The world needs more Patrick's ❤️#AustraliaBurning #AustraliaBushfires pic.twitter.com/WiezHU4Qwc
— DJ (@_CharleeGirl_) January 3, 2020