Најпознатата плус сајз манекенка стана дизајнерка на венчаници.
Како што самата на Инстаграм призна, Ешли и самата призна дека во 2010 година се соочила со голем проблем при пронаоѓањето на совршената венчаница која ќе одговара на нејзините облини.
„Имав потешкотии во пронаоѓањето на нешто во кое ќе се чувствувам посебно, нешто што би одговарало и што ќе го слави моето тело за време на еден од најважните денови во мојот живот“, напишала и додала дека таа традиционална девојка и би сакала нејзината венчаница тоа да го изразува.
Со оглед на тоа дека имала два месеци меѓу свршувачката и венчавката, шиењето венчаница не доаѓало предвид, па морала да посегне кон купена венчаница. Но, она што и се допаѓало не било достапно во нејзината големина, а со конечниот резултат не била задоволна и покрај преправките. Сепак, немала друга опција.
Со цел другите жени да не се соочат со исто разочарувања, таа одлучила да ги здружи силите со брендот на венчаници Pronovias и тие осмислиле плус сајз колекција. Односно, во нивната колекција се наоѓаат венчаници во сите величини, од најмали до најголеми.