Овој рецепт е многу лесен за подоготвка, но во исто време и многу поразличен од она што сте навикнале досега кога е ваквата комбинација на состојки.
Подготовка на бисквитот:
1 свеж ананас (или 450 гр од конзерва)
2 јајца
200 гр шеќер
Една лажичка ванила екстракт
4 лажици масло
250 гр брашно
250 гр крупно сецкани јатки (орев, бадем, лешник…)
Една лажичка прашок за пециво
Подготовка:
Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете ја ванилата, маслото, брашното, оревите и пецивото. Сето тоа измешајте го и додадете го ананасот на парчиња. Излејте ја содржината во тепсија со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути. Оставете да се олади.
Подготовка на фил:
200 мл слатка павлака
100 гр шеќер во прав
100 гр путер
200 гр кисела павлака
Подготовка:
Изматете ги слатката павлака, шеќерот, омекнатиот путер и киселата павлака. Прелијте врз колачот. Врз филот ставете јатки исецкани на покрупни и поситни парченца.