Де Бруин: Тактиката за Јунајтед ја смисливме за 15 минути

од Nikola Popovski
352 прегледи

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин де Бруин откри дека на него и соиграчите им биле потребни само 15 минути за да го направат својот план за игра вчера во дербито на Манчестер Јунајтед, кое го добија „небесносините“ со 3: 1.

Пулените на Пеп Гвардиола тотално го надиграа својот противник на „Олд Трафорд“ во првиот полуфинален натпревар за Карабао Купот, откако можеа да постигнат уште неколку гола во мрежата на Давид де Хеа.

– Разговаравме утрото за нашиот план околу 15 минути, тоа беше тоа. Не е прв пат да играме без чист централен напаѓач. Понекогаш тоа го правиме против екипи кои сакаат да играат човек на човек. Кога Бернардо Силва се враќа назад во центарот на теренот, добиваме предност од четири против тројца, така што еден од нивните дефанзивци треба да излезе напред и ова отвора слободен простор пред шеснаесетникот, објасни Де Бруин по успехот.

Слични содржини