ОБСЕ: Поддржувачите на политичките партии да се воздржат од навредливи содржини врз која било основа

од Aleksandar Petrovski
227 прегледи

Мисијата на ОБСЕ во Скопје изразува осуда на сите форми на расизам, антисемитизам и нетолеранција.

Мисијата, на својата официјална страница на Фејсбук, ги повикува членовите и поддржувачите на сите политички партии да се воздржат од изразување и споделување навредлива содржина на етничка, верска или друга основа.

– Предизборните периоди се времиња кога државите се особено ранливи на говор на дискриминација и нетолеранција, што може да доведе до сериозни последици. Податоците на Мисијата и на локалните НВО од изминатите седум години покажуваат дека инцидентите од говор на омраза во Северна Македонија историски бележат пораст за време на предизборните периоди, особено по основ на етничка и политичка припадност, наведува ОБСЕ.

Мисијата додава дека ова е особено важно време за државата, имајќи ги предвид спроведувањето на стратешките цели на Северна Македонија. ОБСЕ посочува и дека слободни, фер и избори без говор на омраза се неопходни за земјата.