Во најновиот број на магазинот WSJ насловна страница ја краси 27-годишната пејачка Селена Гомез.
Во интервјуто таа зборува за своите успони и падови кои и се случиле во минатите години, но и за психичкото здравје.
„Мојата самодоверба беше екстремно ниска и на тоа работам константно. Сега конечно се чувствувам силно бидејќи научив многу за тоа што ме мачи во последниве години, што се случува во мојата глава. Моите успони беа навистина високи, а падот, низок“, била искрена Селена.
Но, како што кажала пејачката, по шест години интезивна рабоа со терапевти и барање на професионална помош во посебни установи, конечно открила се за своето психичко здравје.
„Конечно станав свесна дека имам психички проблеми и искрено, тоа за мене беше олеснување. Сфатив дека постои начин да ја добиеш помошта која ти е потребна и да најдеш луѓе кои ти веруваат. Добив вистински лекови, а мојот живот се смени во потполност“, рекла и додала дека конечно е подготвена да оди понатаму.