Одбиена оставката на поротничката во ТНТ

од Viktor Jovanov
201 прегледи

Поротничката во случајот ТНТ Лилјана Ивановска Кочковска вчера поради заканите да не се појави на рочиштата за овој предмет одлучила да поднесе оставка, но претседателот на Кривичен суд Иван Џолев ја предомислил. На поротничката и било понудено и обезбедување.

-„Неспорен е фактот дека судијата – поротник вчера побара прием кај претседателот на судот на кој му се пожали дека добива закани да се откаже од постапување во конкретниот предмет за што е доставена и изјава. Откако е посочено дека судот ги користи сите легални механизми да го заштити интегритетот и угледот на секој судија и судија – портоник и доколку е неопходно институциите може на секој судија и судија – поротник да му овозможат и обезбедување, поротникот се согласи да продолжи да постапува се до евентуално разрешување од Судскиот совет“, велат од Кривичен Суд.

Адвокатите на обвинетите во случајот ТНТ изминатите денови преку писмо побараа поротничката повеќе да не се појавува на рочиштата бидејќи ќе изврши кривично дело.

Адвокатската комора започна постапка за прибирање докази и документи и истите ќе ги проследат до дисциплинските органи на комората каде ќе утврди дали има евентуална повреда сторена од адвокатот во случајот ТНТ.

Во случајот „ТНТ“ обвинети се бегалецот Никола Груевски, Миле Јанакиески, Тони Трајковски и четворица други. Следното рочиште на Судски совет е закажена на 27 јануари каде ќе се разгледа мандатот на судијата поротник, Ивановска Коцковска.

Слични содржини