Само една состојка ќе го направи чоколадниот пудинг неповторливо вкусен

од Elena Daskalova
387 прегледи

Да се подготви чоколаден пудинг не е некоја голема филозофија, но само со една состојка можете да го направите повкусен од кога било.

Потребни ви се:

Две кесички пудинг од чоколадо
Литар млеко
150 гр шеќер
200 гр темно чоколадо

Подготовка:

Сварете го пудингот на вообичаен начин. Кога ќе го тргнете од рингла, во него измешајте го темното чоколадо и мешајте додека да се стопи. Распоредете во помали чинии и додека е топол ставете по една коцка чоколадо во секоја.

Можете и на дното на чиниите да ставите искршени бисквити и врз нив да го истурите пудингот, ќе биде уште повкусен.

Слични содржини